26
Дел од студентите од Србија најавуваат дека ќе трчаат штафетна трка од Нови Сад до Брисел каде во мај ќе се одржи седницата на Европскиот парламент на која меѓу другото ќе се разговара и за Србија.
Како што е најавено, на 26 април 16 студенти-тркачи од Нови Сад ќе заминат во Брисел за да достават писма до европратениците за ситуацијата во Србија.
За овој потфат известија преку профилот на Инстаграм „Тркачи во блокада“. Штафетниот ултрамаратон, како што се додава, е планиран според распоредот на сесијата на Европскиот парламент.
„На денот кога нашите велосипедисти пристигнаа во Стразбур, најавуваме дека ќе трча и нашата штафета во ултрамаратонска екипа. Истрчаа до Крагуевац, Ниш и Белград, ќе трчаат и до Брисел“, најавија студентите.