Студентите по медицина од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се вклучија во рамки на хуманитарната акција за доделување на пакетчиња за Нова Година за децата од одделот за Педијатриија при Клиничката болница во Штип, односно дечињата од Специјалната паралелка со посебни потреби од училиштето „Ванчо Прќе“ во Штип, Мал групен дом и Центарот за аутизам.

Како што информираат од таму, студентите направиле логистичка и техничка поддршка на големата акција во организација на докторот Горан Трајковски, кој е „инфлуенсер“ на социјалните мрежи и преку многубројни донации обезбеди пакетчиња за децата низ цела Македонија.

„Доктор Горан преку социјалните мрежи обезбеди преку 1.000 пакетчиња за дечињата низ државата, бидејќи тој моментално работи и живее во Германија, логистиката ја прават волонтери кои се согласија пакетчињата и останатите подароци да ги распределат низ институции во државата“, велат од таму.

Од Студентската организација пак, изразија надеж дека оваа акција би можела да стане традиционална со што ниту едно дете нема да остане без новогодишен подарок

 

Слични содржини