209
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна го оствари детскиот сон и се запиша во Високата спортска и здравствена школа во Белград во желба да работи како тренер, а денес го положи првиот испит со највисока оценка.
„Само што го положив првиот испит во Високото спортско училиште. Посебна благодарност до проф. Ивана Шикиќ Марков за сè што научив. Да се пофалам добив 10 од предметот Социологија на спортот. Среќен сум исто како кога го положив првиот испит на Правниот факултет “, напиша Вучиќ.
Да потсетиме, во јули, претседателот се запиша во Високата спортска школа за стручни студии и со тоа стана студент по втор пат во својот живот.
View this post on Instagram