Студентски пленум: Македонијо, зошто твоите библиотеки се полни солзи?

од desk3
68 прегледи

На овој ден пред точно една година пред зградата на владата воскликнаа граѓаните на Македонија против неправдата и бруталноста на режимот кој прерано му го згасна животот на нашиот сограѓанин Мартин Нешковски. Тоа беше и глас против режимската бруталност кон сите граѓани на оваа земја- нашата земја!

13100702_1762787870618161_6186289188832731048_n-670x376

По неколкучасовниот протест, дел од полицијата од истиот режим, доби наредба насилно да ги растера демонстрантите по улиците на Скопје. Дел од припадниците на полициските единици влегоа и во оваа библиотека – НАШАТА библиотека Браќа Миладиновци и брутално нападнаа студенти, кои сосредоточени врз своите книги ги подготвуваа испитите.

Затоа денеска на 5 мај 2016, се сеќаваме. Се сеќаваме и никогаш нема да заборавиме. Се собираме во 17 часот пред библиотеката Браќа Миладиновци. Протестираме против режимската бруталност! Протестираме за слобода, правда и еднаквост и прашуваме: Македонијо, зошто твоите библиотеки се полни солзи?

Студентски пленум
извор: фејсбук