Студентски пленум: Не ни требаат таблети туку услови за студирање и работа

од Vladimir Zorba
128 прегледи
Ова е само површна реформа и дека на високото образование и на студентите им се потребни континуирано вложување и финансиска поддршка, а не вакви еднократни награди, кои служат за да ни го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, коментира студентскиот пленум откако на вчерашната трибина премиерот Никола Груевски најави таблети за студентите чии родители имаат приходи пониски од државниот просек на плата.
студетски пленум

– Иако и досега имаме повеќепати посочено кои се барањата на студентите, ако некому сè уште не му е јасно, пак ќе повториме – сакаме човечки услови во студентските домови, сакаме соодветна и современа литература на македонски јазик, сакаме опремени лаборатории за природонаучните и техничките факултети, сакаме асистенти, сакаме студентски мензи, сакаме студентски бенефиции, сакаме бесплатен јавен превоз. Сакаме да знаеме дека ќе може да најдеме работа дома. И дури тогаш, проектот за бесплатен таблет би имал некоја смисла- велат од студентскиот пленум.

Студентите потсетуваат и на изработката на законот за високо образование.

– Ќе видиме колку Владата е навистина подготвена да помогне кога ќе се отвори прашањето за финансирање во изработката на новиот закон – велат од Студентскиот пленум.