Студија направена во Израел покажува дека третата доза на вакцината „Фајзер“ против Ковид -19 е ефикасна 86 проценти кај луѓе постари од 60 години, објавија од здравствената организација Макаби.
Резултатот од ефективноста на третата доза на произведената вакцина од страна на Бајонтек покажа поголема ефикасност во споредба со резултатите на луѓето кои примиле две дози, пишува Ројтерс.
Организацијата Здравствените услуги на Макаби (ХМО), која опфаќа една четвртина од 9,3 милиони луѓе во земјата, ги спореди резултатите од 149.144 лица постари од 60 години кои ја добиле третата доза пред најмалку една недела со оние кои примале само две дози во периодот од јануари до февруари од кои има 675.630.
Потсетуваме, од Фајзер тврдат дека нивната трета доза на вакцина, како дополнителен засилувач на имунитетот, е поефикасна против многу заразната делта варијанта на коронавирус, покажаа првите податоци од тековната студија, кои беа доставени до американската ФДА.