Полската влада денеска ги усвои предлозите на два закона со кои по субвенциите за јаглен се воведуваат субвенции за греење од други извори за домаќинствата, училиштата и болниците, со што поскапувањето на парното греење оваа сезона ќе се намали на максимум 40 отсто. .
„Покрај додатокот за јаглен, воведуваме дополнителни можности за финансирање од други извори. Го прошируваме арсеналот на инструменти за да можат да ги користат сите граѓани. Помошта вклучува и таканаречени чувствителни објекти како болници и училишта Централното греење мора да биде поевтино и за нив“, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција по владината седница.
Моравјецки рече дека со вториот предлог-закон се пресметува дека локалните самоуправи ќе добијат 2,9 милијарди евра кои ќе можат да ги искористат покрај инвестициите за да им помогнат на домаќинствата да им поевтинат парното.