Суд во САД му нареди на „Епл“ да ја пробие лозинката на ајфонот на Саед Фарук

од Vladimir Zorba
56 прегледи

 

Судот во Лос Анџелес и нареди на американската корпорација „Епл“ да им помогне на иследниците од ФБИ да ја пробијат заштитата на мобилниот телефон, кој е во сопственост на еден од терористите, одговорни за вооружениот напад во градот Бернардино, во американската сојузна држава Калифорнија, минатата година. ejpl

Во терористичкиот напад на 2 декември, зад кој стојат Фарук и неговата сопруга Ташфин Малик, беа убиени 14 лица, а 22 беа ранети.

Двајцата напаѓачи беа застрелани во престрелката со полицијата, која следеше по нападот.

Телефонот на Фарук падна во рацете на иследниците, но тие досега не можеа да влезат во податоците, содржани во него, поради лозинката на апаратот.

Решението на судијката Шери Пим бара од „Епл“ да му ги достави на ФБИ неопходните програми потребни за отклучување на телефонот.