Судан: Паравоените сили се согласија на 24-часовен прекин на огнот

од Stefanija Kuzmanovska
105 прегледи

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска се согласија на 24-часовен прекин на огнот со почеток во 18:00 часот, по неколкудневни судири со суданската армија.

„Ја потврдуваме нашата целосна посветеност на целосен прекин на огнот и се надеваме дека другата страна ќе се придржува до прекинот на огнот како што е најавено“, се додава во соопштението на РСФ, пренесе „Ројтерс“.

Се уште не е познато дали суданската армија ќе соопшти дека ќе го почитува прекинот на огнот.

Слични содржини