Суданските паравоени сили пукаа кон турскиот авион за евакуација, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска пукаа врз турски авион за евакуација при слетувањето на аеродромот Вади Сеидна во близина на Картум, при што беше ранет еден член на екипажот и оштетен резервоар за гориво, соопшти суданската војска.

Војската соопшти дека авионот слетал безбедно и дека леталото се поправа, пренесе „Ројтерс“.

Конфликтните страни во Судан се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на САД и Саудиска Арабија.

Слични содржини