Судбината на атентаторот на Фицо во рацете на словачкиот суд

од Илинка Илиоска
515 прегледи

Судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка утре ќе донесе одлука за побараниот притвор за осомничениот атентатот на премиерот Роберт Фицо, Јурај Цинтула.

Надлежен обвинител до судот веќе достави предлог за притворање на 71-годишниот Цинтула од местото Левице, кој завчера, по седницата на Владата, неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани.

-Обвинителот побара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот, Катарина Куѓакова.

Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда од прв степен, за што му се заканува казна и до 25 години затвор, па дури и доживотен затвор.

Министрите за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток и за одбрана Роберт Калињак, нападот го оценија како политички мотивиран, пишува Актуалити.

Слични содржини