Судењето за „Меѓународен сојуз” ќе продолжи на 19 мај

од Andreja Salpe

Откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од одбраната, судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица ќе продолжи на 19 мај.

За следното рочиште одбраната треба да ги обезбеди останатите предложени писмени докази, а ќе бидат повикани и сведоците Нина Старделова, Стефан Богоев и Наташа Петровска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Во однос на предложените докази од одбраната Судот, на почетокот на денешното рочиште соопшти дека ќе ја провери околноста каде се наоѓа одземениот мобилен од Бојан Јовановски и дали во МВР е зачувана форензичка копија од податоците од телефонот и ќе побара да бидат доставени до судот.

Судот, исто така, го прифати предлогот на одбраната како сведоци на некое од следните рочишта да бидат повикани и сослушани и Зоран Заев, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Горан Сугаревски и Сефер Цановски.

Слични содржини