Судењето на познатиот оскаровец доби ново продолжение: Сведочеше Елтон Џон

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Британскиот пејач Елтон Џон денеска сведочеше преку видео врска пред судот во Лондон како дел од судскиот процес против оскаровецот Кевин Спејси за сексуална злоупотреба.

Спејси (63) се изјасни за невин пред судот во Саутворк во Лондон по 12 точки од обвинението за сексуален напад, наводно извршен врз четворица мажи во Британија во периодот од 2001 до 2013 година.

Овие прекршоци, наводно, се случиле додека тој претежно живеел и работел во Британија. Од 2003 година е уметнички директор на лондонскиот театар „Олд Вик“.

Четворица тужители рекле дека Спејси агресивно ги пипкал, а еден тужител рекол дека додека бил во несвест во станот на актерот, Спејси сексуално го задоволувал.

Кевин Спејси минатата недела изјави дека изјавата е „целосно погрешна и вознемирувачка“.

Двократниот оскаровец во понеделникот ги повика Џон и неговиот сопруг како сведоци. И двајцата зборуваа преку видео врска од Монако.

Џон беше прашан за учеството на Спејси на раскошната забава што пејачот ја организираше во раните 2000-ти. На пат кон забавата, Спејси наводно сексуално го нападнал возачот толку агресивно што тој за малку ќе излетал со автомобилот.

Британскиот пејач потврди дека по забавата Спејси останал во неговиот дом во Виндзор за да преноќи таму. „Не се сеќавам дека слезе после тоа“, рече Џон.

Обвинителката Кристин Агњу го прашала и за фотографијата направена неколку години подоцна од маж кој го тужи Спејси пред лондонскиот театар додека Џон го напушта театарот.

Џон одговорил дека не го препознал човекот и немало да го забележи во тој момент бидејќи „секогаш брзал“ да стигне до својата лимузина кога ги напуштал местата каде што го чекале многу фотографи.

„Може да се работи и за кралицата, но не би ја забележал“, рече тој.

Преку видео врска од Монако сведочеше и сопругот на Џон, Дејвид Фурниш.

Тој рече дека Спејси присуствувал на забавата што традиционално ја организираат во нивниот дом од 2001 година, што е неколку години порано отколку што во изјавата изјавил човекот што го тужел Спејси.

Фурниш исто така рече дека неколку пати разговарал со тужителот и го опишал како „љубезна, опуштена и пријателска личност“. „Секогаш можете да се шегувате со него. Тој е добар и забавен човек“, рече тој.

Тој човек на суд изјавил дека Спејси се почесто сексуално го „напаѓа“ поради што се чувствувал многу лошо, дури и физички, за разлика од актерот кој рекол дека и двајцата уживале во консензуална, „романтична“ врска.

Фурниш изјави пред судот дека се сеќава дека еднаш случајно го прашал човекот кој го тужи Спејси „како е најжешкиот возач во Лондон?“ и рекол дека „никогаш не му пречеле вакви комплименти“.

Слични содржини