Судија извади пиштол за да се спаси од линч (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Навикнати сме да гледаме често необични, па дури и бизарни ситуации на фудбалските терени. Сепак, она што се случи во Хондурас припаѓа на категоријата настани што се случуваат многу, многу ретко, и речиси никогаш не се документирани.

Целата планета сега слушна за малиот град Копан. Причината не е фудбалскиот натпревар, туку она што се случи после него.

Навивачите беа бесни поради судиските одлуки, па дури и играчите имаа што да му кажат за време на натпреварот.

Се можеше да ескалира во вистински линч, а потоа судијата буквално извади оружје.

Одеднаш, тој почна мирно да оди по теренот, и во десната рака силно го стисна пиштолот.

Натпреварот се одигра во аматерска лига. Според некои извештаи, судијата дури и пукал, но никој не објави потврда за тоа, се е на ниво на шпекулации.

Слични содржини