
Хашкиот трибунал четири години по завршувањето на судењето во првостепената пресуда го ослободи лидерот на Српската радикална странска Воислав Шешељ, по сите девет точки во обвинението за злосторства во Хрватска и БиХ во текот на воениот конфликт и протерувањето на Хрватите од Војводина. Шешељ не присуствуваше на изрекуваањето на пресудата.
21.27: Шешељ: Никој од поранешните колеги кои сега се во СНС не ми ѕвонеше денеска
Лидерот на српската радикална странка Воислав Шешељ вечерва оцени дека жалбата на претставниците од Хашкиот трибунал, за неговото ослободување тешко може да донесе некакви резултати.
– Најверојатно ќе се жалат ама немаат никакви аргументи, па поради тоа тешко дека ќе постигнат нешто, вели Шешељ за телевизијата Н1. Тој наведува дека никој од поранешните колеги од СРС кои денеска се во српската напредна странка, не му заѕвонеле денеска.
Најави дека ќе поднсе жалби против Хрватска поради забрани за влез во земјата.
– Ќе се жалам на до нивната највисока инстанца , дали е тоа Управен суд или како и да се вика таа инстанца ќе дознаам наскоро. Инаку, планирав да одам во Загреб и да прошетам, да одам во градска кафана, да ги разгледам книжарниците, вели Шешељ.

21.22h Адвокати: Шешељ нема да добие отштета од Хаг
Лидерот на СРС, Воислав Шешељ кој денеска беше ослободен од сите обвиненија нема да може да смета на отштета од Хашкиот трибунал за годините кои ги поминал во него, бидејќи хашкиот суд воопшто не предвидува таква можност.
– Ниеден од Хашките тужени лица, кои се ослободени без оглед на тоа колку време поминале во Хаг, како Момчило Персиќ, Милан Милутиновиќ, Анте Готовина, Насер Ориќ, никогаш не добил ниту една пара од Хашкиот суд, вели за Блиц адвокатот Бранислав Тапушковиќ.
21. 14h Дураковиќ: Радикалите повторно ни се закануваат со колеж
Началникот на општина Сребреница Чамил Дураковиќ вели дека симпатизерите на радикалите од околината на Братунац, за пресудата на Шешељ славеле со возење со автомобили со украсени таблици на СРС и со повици за повторен колеж.
Ова е навистина парадокс. Денес на 13 годишнината од закопувањето на 600 жртви од геноциодот во Сребреница се случува вакво нешто, да луѓе се закануваат со ново колење. Ги праќаат истите пораки кои ни ги праќаа нам во 1992ра година. Ова навистина нема смисла, порачува Дураковиќ.