Судија со ултиматум до Маск – или ја затвора „Х“ во Бразил

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александар де Мораеш, се закани дека ќе ја забрани работата на платформата X доколку нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск, не прецизира кој е правен застапник на компанијата во Бразил во рок од 24 часа.

Ова е уште едно поглавје од битката меѓу Мораеш и Маск која трае со месеци, наведува АП.

На почетокот на овој месец, Платформата Х соопшти дека „веднаш“ го повлекува целиот преостанат персонал во Бразил, велејќи дека Мораеш му се заканил на правниот претставник на компанијата во земјата со апсење, соопшти агенцијата.

Слични содржини