Судир на авион и автомобил на автопат се случил во близина на аеродромот Ливермор во американската држава Калифорнија.
Пистата на аеродромот во Ливермор оди паралелно со автопатот на кој се случил инцидентот и се наоѓа на само неколку стотици метри од него.
Во инцидентот нема повредени, а судирот се случил кога пилотот на мал авион бил принуден да слета, јавуваат локалните медиуми од Сан Франциско.
Како што изјавил пилотот, веднаш по полетувањето, авионот ја изгубил моќта. Тој успеал да се искачи на висина од околу 150 метри, но потоа авионот започнал да паѓа.
Според пилотот, единствената шанса му била да се обиде да слета на прометниот автопат.
При слетувањето тој се судрил со автомобил, штетата на двете возила е поголема, но нема повредени.
#Breaking New video of small single engine plane into a car near Livermore. The overpass along 580. #kpix5 pic.twitter.com/k8gca0T5bx
— Juliette Goodrich (@JulietteKPIX) February 24, 2021