362
Најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени во судир на автобус и камион во областа Сома, во турската провинција Маниси.
Автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион, јави агенцијата „Анадолија“.
Шест патници починале на лице место, а тројца починале во болницата во Сома.
30 повредени патници се хоспитализирани.
Во автобусот имало 50 луѓе, меѓу кои тројца членови на екипажот.