326
Руското Министерство за вонредни ситуации потврди дека авион „Пајпер“ се урнал во Ленинградскиот регион, при полетување од аеродромот „Гостилици“, а според првите информации, тој се судрил со „Цесна“ која слетала, по што се забила во земјата.
Загинале двајца мажи и една жена, пренесува Тасс.
„Причината за несреќата може да биде грешка во пилотирањето и техничка неисправност“, додаваат службите за итни случаи.
Во три часот попладне, по локално време, беше објавено дека авион „Пајпер“ се урнал при полетувањето на аеродромот во Гостилици, објави прес-службата.