Украинското Државно биро за истраги објави дека ќе ја истражи авионската несреќа што се случи вчера во регионот Житомир.
Во несреќата загинаа тројца пилоти на украинските воздухопловни сили, меѓу кои и пилот познат по прекарот „Џус“. Бил член на 40-та тактичка воздухопловна бригада.
Достапните информации покажуваат дека два авиони за борбена обука L-39 се судриле на небото над регионот Житомир. Во моментов се вршат примарни истраги, истрага на местото на инцидентот, распит на сведоци, а наредени се и голем број вештачења, пишува Украинска правда.