706
Два воза се судрија денеска околу 18:30 часот во тунелот кај Панчевачки мост во српската престолнина. Несреќата се случила кај т.н на десната банатска пруга меѓу Панчевачки мост и центарот на Белград, кога се судриле патнички и товарен воз.
Српските медиуми јавуваат дека на терен се испратени екипи на итната помош и пожарникари. Судирот се случил на 500 метри во внатрешноста на тунелот.
Според неофицијални информации има повредени, а меѓу нив наводно е и кондуктерот.