Судир на воен и туристички авион во САД, двајца загинати (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Во САД двајца загинати по судир на туристички авион “Чесна” со борбен авион Ф-16. Инцидентот се случил во државата Јужна Каролина, на 18 километри северно од градот Чарлстон.

hqdefault.jpg23

Од воздухопловната база Шо објавенo e  дека пилотот на воениот ловец  успеал да  се катапултира пред неговиот авион да падне . Двете машини се судриле во  близина на  цивилен аеродром, во област означен на авијациските карти како “воена оперативна зона”.На место загинале пилотот и патникот во туристичкиот авион. Ова е втор инцидент со Ф-16 во САД за две недели. На 24 јуни при обука во државата Аризона се урна ирачки авион, при инцидентот повторно загина пилот.