Најмалку три лица се приведени откако избувнаа судири во делот на шведскиот град Малме населен со имигранти, до кои дошло откако антиисламскиот активист Салван Момика запали копија од Куранот, соопшти денеска шведската полиција.
Полицијата во третиот по големина град во Шведска соопшти дека нивните полицајци биле гаѓани со камења, а десетици автомобили биле запалени.
Полицијата ги опиша овие настани, кои започнаа во неделата и продолжија во текот на ноќта, како „насилни немири“.