Судот ѝ го врати синот на Северина – ова се деталите од пресудата

од Nikola Popovski
316 прегледи

Популарната пејачка Северина Вучковиќ успеала да го врати старателството над синот Александар во правната битка што ја води со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Жупанискиот суд во Сплит ја повторил својата претходна законска одлука според која таткото и мајката на дванаесетгодишното момче се обврзани да го делат родителството над своето дете, односно „да ги извршуваат родителските права и должности преку еднаков и заеднички договор“.

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифатил ревизијата и ја поништил одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, дојде до уште еден пресврт.

Имено, како што дознава Слободна Далмација, Жупанискиот суд во Сплит на рочиштето одржано на 6 февруари годинава практично ја повторил првобитната одлука според која таткото и мајката на момчето се должни „заеднички и еднакво да се грижат за своето дете“.

Слични содржини