Судот одлучи: Д-р Дре мора да ѝ плаќа на сопругата 290.000 долари месечно

од Nikola Popovski
264 прегледи

Американскиот рапер д-р Дре е должен на својата сопруга Никол Јанг да и плаќа 293 илјади долари месечно за алиментација, одлучи судот во Калифорнија, пишува „Пејџ Сикс“.

Двајцата не живеат заедно веќе некое време, а Никол поднесе барање за развод минатата година.

Раперот ќе мора да ги подмири сметките на сопругата и децата од август, а исто така ќе треба да ги плати сметките за куќата во Беверли Хилс, каде што таа сè уште живее.

Богатството на славниот рапер се проценува на 800 милиони долари.

Тој и Никол имаат две деца заедно.

Foto: Mike Coppola / Getty images / Profimedia