Судот одлучи: Кевин Костнер ќе мора да ѝ плаќа двојно повеќе алиментација на поранешната отколку што сакал

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Судот нареди актерот Кевин Костнер да ѝ плаќа на поранешната сопруга Кристина Баумгартнер неверојатни 129.755 долари месечно за алиментација.

Оваа бројка е двојно поголема од она што Костнер првично го понудил, но и двојно помалку од она што го побарала неговата сопруга, како што пишува Fox News.

Имено, Кристин побарала 248.000 долари со објаснување дека тоа е цифрата која ѝ е потребна за неа и нивните тројца тинејџери да продолжат да живеат како што живееле досега.

Да потсетиме, судот претходно ѝ нареди на поранешната на Костнер да се исели од луксузната семејна куќа во Санта Барбара до 31 јули, почитувајќи ги условите од претходно потпишаниот предбрачен договор, објави TMZ.

Адвокатите на поранешната сопруга на актерот не биле премногу задоволни од таа одлука. Посочуваат дека таа нема доволно време ниту пари до крајот на месецот да најде ново место за живеење. Тие побараа рокот да се помести за 15 август, но судот го одби нивното барање.

Слични содржини