Судот одлучи: „Stairway to Heaven“ не е плагијат

од Elena Daskalova
352 прегледи

Американскиот апелационен суд пресуди дека Лед Цепелин не украле дел од песна и потоа го употребиле во нивната „Stairway to Heaven“.

Единаесет поротници ја потврдија пресудата од 2016 со која се потврдува дека не постојат докази дека Лед Цепелин ги прекршиле авторските права на песната „Taurus“ на бендот Спирит, која ја напишал Ренди Волф.

Пресудата беше оспорена во 2018 со жалба дека е донесена погрешна одлука. Песната „Stairway to Heaven“ важи за антологиска композиција и има заработено 3,4 милиони долари во 5 години. Тие за спорните акорди велат дека „таа низа отсекогаш постоела“, а со тоа и дека не се работи за кражба и плагијаризам.

Волф, секако, не е задоволен од пресудата и тврди дека Лед Цепелин успеале да ги запомнат и упторебат нивните акорди откако ја чуле песната на едно заедничко гостување.

Слични содржини