Судот во Белорусија осуди добитник на Нобелова награда за мир на 10 години затвор

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Судот во Белорусија денеска го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир, продемократскиот активист Алеша Бјалјацки, кој е во притвор во Минск, на 10 години затвор за финансирање протести во 2020 година и за затајување данок, јави ТАСС.

Бјалјацки, продемократски активист и основач на Групата за човекови права Вјазна, која обезбедуваше правни и финансиски услуги за да им помогне на демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, беше осуден за финансирање протести и затајување данок.

Бијалатски рече дека бил прогонуван од политички причини, објави Ројтерс.

Слични содржини