Судот во Белорусија осуди 20 политички аналитичари поради завера против државата

од Milan1
20 прегледи

Судот во Белорусија денеска во отсуство осуди 20 политички аналитичари на најмалку десет години затвор поради завера за уривање на Владата и поради учество во екстремистички групи. Сите осудени не живеат во Белорусија, но би биле уапсени ако се вратат во земјата. Меѓу осудените е и Александар Дабраволски, помошникот на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја.

Тој е осуден на 11,5 години затвор.

Пресметката со политичките неистомисленици почна по протестот со кој опозицијата сакаше да ги оспори резултатите од изборите на кои шестипат победи актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

Слични содржини