Судот во Индија одреди притвор за лидер на опозицијата и покрај протестите низ целата земја

од Симе Стоиков

Индискиот суд денеска му одреди нов притвор на опозицискиот лидер Арвинд Кејџивал на две недели, откако му истече претходниот 10 дневниот притвор во федерален затвор.

Потег што според опозициските партии е дел од пресметката на премиерот Нарендра Моди со ривалите пред претстојните парламентарни избори.

Кејџивал е градоначалник на Њу Делхи и лидер на Партијата Ам Адми (Партија на обичниот човек) која е дел од опозицискиот блок партии „ИНДИЈА“ кој е главен предизвикувач на владејачката партија на Моди, Бхаратија Џаната.

Тој беше уапсен на 21 март од страна на федералната полиција контролирана од владата на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди, под обвинение дека тој и неговата партија примиле мито од една милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол пред речиси две години.

Неговото апсење предизвика масовни протести низ целата земја, при што партијата Ам Аадми објави дека Кејривал и понатаму ќе остане прв човек на Њу Делхи.

Случајот на Кејџивал доминира во вестите во Индија пред изборите, кои започнуваат на 19 април. Опозициските партии тврдат дека владата ги злоупотребува федералните истражни агенции за да ги вознемирува и ослабува своите политички противници, наведувајќи серија рации, апсења и истраги за корупција исклучиво на опозициски личности, што партијата на Моди ги негира.

Слични содржини