Судот во Луганск осуди вработени во ОБСЕ на 13 години затвор

од Nikola Popovski
191 прегледи

Рускиот суд во Луганск денеска осуди сега веќе двајца поранешни членови на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на 13 години затвор под обвинение дека му пренеле информации на Вашингтон за армијата на Луганск, објави Ројтерс.

Судот во самопрогласената Луганска Народна Република во регионот Донбас во источна Украина ги осуди Дмитро Шабанов и Максим Петров, кои беа приведени во април, под обвинение за соработка со ЦИА и украинската тајна служба.

ОБСЕ оцени дека овие обвинувања се неприфатливи и нехумани бидејќи Шабанов и Петров само извршувале службени задачи.

На видео снимките од судот се гледа како Шабанов, кој работел како помошник за безбедност во ОБСЕ, стои во метален кафез, облечен во црно.

Петров, кој работел како преведувач во ОБСЕ, седел во стаклен кафез во судот.

Двајцата осудени работеа за Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во 2014 година, која го надгледуваше конфликтот меѓу сепаратистите поддржани од Русија во Луганск и украинските сили по анексијата на Крим од Москва.

Фото: Valery Melnikov / Sputnik / Profimedia

Слични содржини