Федералниот апелационен суд го одби барањето на персоналот на американскиот претседател Доналд Трамп да го блокира прогласувањето на демократот Џо Бајден за победник во таа сојузна држава.
Судијата Стефанос Бибас, во име на тричлениот комитет, рече дека обвинувањата за изборна измама треба да бидат специфични и придружени со докази, пренесе Ројтерс.
„Ние овде немаме ниту едно, ниту друго“, напиша Бибас, кој беше назначен од самиот Трамп. Случајот може да биде упатен до Врховниот суд на САД.
Пенсилванија оваа недела го потврди Бајден како победник на изборите, давајќи ги 20-те изборни гласа на демократите.