180
Судот во Приштина му одреди притвор до 30 дена на Слаѓан Трајковиќ, поранешен полицаец во косовската полиција, кој беше уапсен во четвртокот на северот на Косово, изјавил неговиот адвокат Дејан Васиќ, пренесуваат српските медиуми.
Сопругата на уапсениот полицаец Слаѓан Трајковиќ, Сузана Трајковиќ, претходно за РТС изјавила дека во јужниот дел на Митровица ѝ било кажано дека нејзиниот сопруг е уапсен, префрлен во Приштина и обвинет за воени злосторства.
Ова е едно од серијата апсења на северот на КиМ во последните неколку дена. Причина за подигањето на барикадите беше апсењето на Дејан Пантиќ.