Судска медицина: Сè уште се работи на обдукција и идентификација на жртвите од пожарот во дискотеката

од Milan1
56 прегледи

Институтот за судска медицина и натаму работи на обдукциите на жртвите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, наспроти изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дадена попладнево, во која тој рече дека обдукциите се завршени.

Директорот на Судска медицина, Александар Станков, во изјава за „Сител“ вели дека сè уште се работи на обдукцијата и идентификацијата на жртвите од пожарот во Кочани.

Тој вели дека се додека не заврши постапката за сите починати, нема да ги предадат телата на семејствата.

Слични содржини