Аудио записот кој го пушти на прес конференција опозицијата во кој лидерот на ДПА, Мендух Тачи, му искажува „верност до смрт“ на Мијалков, според извори на Либертас од луѓе блиски на Тачи, не е идеологија или интереси на Албанците туку личен интерес на лидерот на ДПА. Тие тврдат дека зад „верноста“ се крие судски спор за два трговски центри во Тетово кои се на име на братот на Тачи и од кирии инкасираат дестици илјади евра месечно, , пишува Либертас.
Наводно Тачи за овој судски спор барал помош од моќниот Мијалков. Нашиот извор не открива дали судскиот спор завршил и во чија корист .
Најавите на Тачи дека договорил влегување во владата со премиерот Груевски, според истите извори, се неизвесни и наводно биле само за уценување на владеачката ДУИ ако евентуално излезе од владата, нешто што е тешко да се очекува. Тачи, велат нашите извори, ќе се задоволи и со неколку директорски места на јавни претпријатија, само да им покаже на сопартијците дека е битен за Груевски за да не му избегаат во таборот на Зијадин Села.
НА синоќешнот настап на ТВ вицепремиеорт Муса Џафери , исто така коментира дека тие прикаски сам си ги пушта Тачи за да го подлажнува членството за да може да ја елиминира конкуренцијата од неговиот конкурент од партијата Зијадин Села кој за некоја недела подготвува конгрес и се заканува да му ја превземе партијата.
