151
На Лефортовскиот суд во Москва започна рочиштето за кривичното дело шпионажа, во врска со случајот на Еван Гершкович, новинар на американскиот Wall Street Journal (WSJ), кој денеска беше уапсен од Федералната служба за безбедност, јави дописникот на „РИА Новости“.
Гершкович беше внесен во салата, но новинарите немаа можност да го фотографираат приведениот, бидејќи претставниците на медиумите беа изолирани на вториот кат.
Одржувањето рочишта зад затворени врати е вообичаена практика во случаите кои се однесуваат на државни тајни.