Секоја земја, секоја нација има свои суеверија. Верувањата во мистичното се длабоко вградени во човечката свест, на кое и место на земјината топка да се наоѓаме.
Во однос на бременоста и мајчинството има неверојатно многу митови и суеверија. Ако досега сте мислеле дека кај нас луѓето веруваат на што ли не, ѕирнете во странските култури! Заедно ќе најдеме најразлични и чудни суеверија за бременоста и одгледувањето на дете.
Во арапскиот свет
Жените во арапскиот свет веруваат дека ако жена гледа зајак или го гали за време на бременоста, нејзиното дете ќе има големи и грди заби, Исти како оние на зајчето.
Во Кина
Кинезите веруваат дека разгалените и вечно бучни деца се “дело” на мајката за време на бременоста. Ако сакате вашето дете да е послушно, не го тријте стомакот премногу силно за време на бременоста. Кинезите се убедени дека тоа води до разгалување во подоцнежна фаза од животот.
Во Кина веруваат уште дека ако мајката чува нож под креветот, додека е бремена, тоа ќе ги одврати лошите духови од детето.
Во Костарика
Во Костарика пак веруваат дека мачките во никој случај не треба да седат во скутот на бремената. Дури и не смее да ја галите, ако сте бремена, бидејќи јужноамериканците веруваат дека мачките се токсични за бебињата.
Во Гватемала
Жителите на Гватемала веруваат дека виножитото, колку и да е убава појава, предизвикува појава на вродени дефекти. Затоа бремените таму не го гледаат и не се обидуваат да поминат под него.
Во Индонезија
Индонезијците не им дозволуваат на бремените да седат на скали, бидејќи веруваат дека тоа ќе го блокира цервикалниот канал и го попречува нормалното породување.
Во Израел
Евреите веруваат дека бремените не треба да посетуваат гробишта или погреби, бидејќи душите кои ги прогонуваат во овие места можат да се вселат во бебето и да предизвикаат штета.
Во Малезија
Бремените жени во Малезија не треба да убиваат апсолутно никакви животни, дури ни комарци. Тоа носи лоша среќа за бебето.
Во Мексико
Слично на традицијата кај Бугарите, Мексиканците врзуваат црвен конец на раката на бремените, за да ги заштитат од лоша енергија и уроци.
Во Тајланд
Според тајландските суеверија, читањето на молитва и пи гледањето во бои од лотос над мајката ѝ помага за предизвикување на раѓање и негово забрзување.
Во Уганда
Бремените жени во Уганда не ја гледаат Месечината, кога има затемнување, бидејќи тоа носи вродени дефекти на бебето според локалната култура.
Во САД
Американците веруваат дека ако бремената има силни киселини во крајот на бременоста, бебето ќе се роди прилично влакнесто.