6,K
Суфицитот на Европската унија во трговијата со стоки се зголеми од 31,7 милијарди евра во четвртиот квартал од 2023 година на 51,2 милијарди евра во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Евростат.
Увозот на стоки во Европската унија од остатокот од светот е намален за 2,9 отсто во првиот квартал од 2024 година во однос на претходниот квартал, додека извозот е зголемен за 0,3 отсто, се посочува во извештајот.
Ова е втор последователен квартал на раст на извозот од Европската унија, додека увозот во ЕУ се намалува веќе шест квартали по ред.