Суфицитот на ЕУ во трговијата со стоки скокна на 51,2 милијарди евра во првиот квартал од 2024 година

од Vladimir Zorba

Суфицитот на Европската унија во трговијата со стоки се зголеми од 31,7 милијарди евра во четвртиот квартал од 2023 година на 51,2 милијарди евра во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Евростат.

Увозот на стоки во Европската унија од остатокот од светот е намален за 2,9 отсто во првиот квартал од 2024 година во однос на претходниот квартал, додека извозот е зголемен за 0,3 отсто, се посочува во извештајот.

Ова е втор последователен квартал на раст на извозот од Европската унија, додека увозот во ЕУ се намалува веќе шест квартали по ред.

Слични содржини