Холивудската актерка Ким Катрал се прослави со својата легендарна улога во популарната серија „Сексот и градот“.
Сега во нејзините 60-ти години, таа откри како гледа на естетските корекции за подмладување.
Таа пред неколку години истакна дека не е поддржувач на тоа, и дека се плаши дека ќе стане непрепознатлива доколку се препушти на тие операции.
„Тоа веројатно го кажав кога бев во 40-тите! Сега сум во моите 60-ти и сум за борба против годините на секој можен начин. Денес има толку многу алтернативи, третмани кои го стимулираат нашето тело да се бори против стареењето. Има филери, ботокс, толку многу различни нешта што можете да ги истражите, пробате и да видите дали се за вас“, рекла актерката.
Ким нагласила дека сепак ѝ е важно да личи на себе и ги охрабрила луѓето да најдат добар хирург.
„Сакам да изгледам како најдобрата верзија од сè. Значи, што и да можам, ќе направам и за среќа имам средства да го направам тоа“, се пошегува Ким.