Сунак и Макрон: На ​​Газа и е потребна итна хуманитарна помош

од Radmila Tasevska
229 прегледи

Британскиот премиер Риши Сунак и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја истакнаа потребата од „итна хуманитарна помош за Газа“ по проширувањето на воените операции на Израел како одговор на нападите на Хамас, соопшти Даунинг стрит.

Во телефонски разговор двајцата лидери ја изразија својата загриженост за „ризикот од ескалација во регионот“.

Сунак и Макрон се согласија дека е неопходно „да не се изгуби од вид долгорочната иднина на регионот“, особено потребата од решение засновано на моделот на две држави.

Повеќе од осум илјади Палестинци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел на 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата.

На израелска страна беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, повеќето цивили, повеќето од нив за време на упадот на Хамас во Израел.

Слични содржини