136
Секој што илегално ќе влезе во Велика Британија ќе биде спречен да остане, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак.
Во интервјуто објавено во „Мејл он сандеј“, Сунак рече дека очекува следната недела да биде донесен нов закон кој ќе го регулира ова прашање, објави Ројтерс.
Под притисок на законодавците да се најде решение за мигрантите кои илегално доаѓаат во Велика Британија со мали чамци преку каналот Ламанш, Сунак го вклучи ова прашање во пет клучни приоритети.