Сунак: Русија е одговорна за нападот во Полска, без разлика кој ја истрелал ракетата

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак смета дека Русија е виновна за ракетниот напад што се случи синоќа во Полска, без разлика кој го истрелал проектилот.

„Украина мора да ја брани својата татковина од нелегалната и варварска серија напади на Русија“, изјави британскиот премиер на самитот на Г-20 на Бали.

Тој изјави дека „најважното нешто“ што треба да се препознае по нападот е фактот дека Украина е принудена да користи проектили за „да ја одбрани својата татковина“.

За потсетување, американските власти изјавија дека се чини дека ракетата била истрелана од украинските сили кон руска ракета која надоаѓала, пред да ја погоди Полска.

Слични содржини