Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак ја потврди својата кандидатура за премиерската функција по оставката на Лиз Трус, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека Сунак добил поголема поддршка од конзервативните пратеници отколку неговите ривали – поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт и поранешниот премиер Борис Џонсон. кој се уште не најавил дека ќе се кандидира.
Сунак (42) потврди дека учествува во лидерската трка откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.
„Ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво на власт што јас го водам и ќе работам од ден на ден за да ја завршам работата“, се вели во соопштението на Сунак.
Мордонт доби јавна поддршка од 24 пратеници, додека Џонсон, кој не се изјасни дали ќе се кандидира, досега има поддршка од околу 50 пратеници.