„Супер Боул“ руши рекорди – 7 милиони долари за 30 секунди рекламирање

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Од Серена Вилијамс, преку Гвинет Палтроу, Скарлет Јохансон, Зендаја до Линдзи Лохан.

Ова се само дел од познатите личности кои ќе се појават во реклами за време на Суперболот помеѓу Лос Анџелес Ремс и Синсинати Бенгалс.

А најскапата реклама ќе чини повеќе од кога било досега.

Триесет секунди ќе чинат дури седум милиони долари, што е највисоката цена во историјата на најголемата игра на американскиот фудбал.

„NBC“ го распродаде целосниот рекламен простор на своите платформи. Иако се шпекулираше дека пандемијата ќе ги намали цените, се случи спротивното.

На тој начин половина минута реклама ќе чини два милиони долари повеќе од пред пет години.

Суперболот е на програмата ноќта меѓу недела и понеделник, половина час по полноќ по средноевропско време.

Слични содржини