Супербол: Кога половина минута реклама чини 4,5 милиони долари

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Суперболот, најголемиот спортски настан во САД, од година во година руши рекорди во однос на гледаноста на ТВ, па така минатогодишното издание во кое Сиетл Сихокс го победи Денвер Бронкос со 43:8, во просек го гледале 111,5 милиони гледачи, што ја прави најгледана програма во историјата на САД.

Го надмина Суперболот во 2012 година, кога Њујорк Џајантс го совлада Њу Ингланд Патриотс со 21:17, кој во просек го гледаа 111,3 милиони Американци.

Минатата година телевизиската станица Фокс наплаќаше 4 милиони долари за 30 секунди реклами, а оваа година рекламниот простор е уште поскап и чинеше 4,5 милиони долари за 30 секунди.

600 камиони чипс и 500 базени пиво

Суперболот, најголемиот спортски настан во САД, природно доаѓа со големи бројки, па се проценува дека Американците минатата година изеле околу 22,5 милиони килограми чипс за време на натпреварот, што би наполнило 600 големи камиони и дека го „измиле“ со 1,228 милијарди литри пиво, што може да наполни 500 олимписки базени.

Посетителите на Лас Вегас потрошиле 120 милиони долари во обложувалници минатата година обложувајќи се на Супербол.

Исто така, се проценува дека овогодинешните трошоци поврзани со Супербол ќе бидат рекордни, а Американците ќе потрошат дури 14,3 милијарди долари за време на викендот на најголемиот спортски настан.

Интересно е што преостанатите билети се продаваа по неверојатни цени – од 6.500 до 28.888 долари.

Слични содржини