„Супермен“ стрип продаден за 3,25 милиони долари

од Vladimir Zorba
380 прегледи

Првиот број на стрипот „Супермен“, објавен во јуни 1938 година и кој чинел 10 центи, денес беше продаден за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип.

„Супермен“ беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека околу 100 примероци од првиот број се зачувани до денес.

Копијата што беше продадена денес, своевремено беше пронајдена на куп филмски магазини од 30-тите години на минатиот век и беше совршено зачувана, изјави косопственикот на страницата за аукција преку Интернет ComicConnect.com, Винсент Зурзоло, објави Би-Би-Си.

Продавачот заработи милион долари на стрипот денес, бидејќи го купи пред три години за 2,25 милиони.

Највисоката цена за еден стрип досега беше постигната во 2014 година, кога, исто така, првиот број на „Супермен“ беше продаден на eBay за 3,2 милиони долари.

Слични содржини