473
Состојки:
115 гр свежо сирење
4 јајца
Опционално: цимет или ванила
Подготовка:
Ставете ги состојките во мискер и матете додека не се создаде мазно тесто. Потоа, ставете ја на оган тавата да се загрее.
За тоа време тестото нека мирува.
Ставете малку масло или путер во тавата и кога ќе се згрее додајте две лажици од тестото. Внимавајте при вртењето да не ви се распаднат.
Пржете ги палачинките околу 2-3 минути на секоја страна.
Послужете ги со мед, сируп од јавор, намаз или шеќер во прав.
Пријатно!