Цел на нападите во Лахоре беа христијаните, но во нападот настрадаа и многу муслимани. Се повеќе луѓе ќе ја напуштат земјата, штом веќе и детските игралишта стануваат опасни за животот, пишува DW.
Ако го следиме на циничен начин размислувањето на атентаторите, нападот во Лахоре е неуспех. Тие ја нападнаа насобраната на Велики понеделник христијанска заедница во забавен парк во милионската метропола Лахоре. При нападот загинаа над 70 лица, меѓу кои најмалку 26 деца. Од гледна точка на бомбашите загинале премалку христијани, вели дописник на местото. Тврдењето на бомбашите дека сакале да убијат христијани, беше суптилен ПР на џихадистите. Отцепената од талибанците група сега со право може да се надева дека го предизвика вниманието на целиот свет и пред се на христијанскиот Запад.
Експерти: САД и Турција се главните закани за Русија во 2016 година
Нападот во Лахоре покажа дека какви и цели да извршуваат џихадистите, жртви на нивните напади стануваат се повеќе муслимани. Било да е тоа во Сирија во Ирак, Африка, Индонезија или во вечните жариштата Авганистан и Пакистан. Пакистан не може да се пофали со силно верско законодавство. Хулата таму сеуште е дело што се казнува со смрт. Многу Пакистанци се верници муслимани и наоѓаат за сосема нормално дека јавниот живот се определува од принципите на Куранот. Исто така е факт дека христијанските црковни училишта се најпосакувани образовни институции за децата на муслиманскиот елита. Нивото на обука во овие училишта е исклучително високо. Тие исто така се дел од јавната разноликост на една земја што не може да биде опишана со едноставни зборови.
Злите духови од шишето
Кој ги следи социјалните медиуми по нападите, се сопнува најмногу на огромната загриженост. Една млада муслиманка од Исламабад пишува дека сите луѓе се нејзини браќа, а друга го цитира пророкот Мухамед, кој би хи окарактеризирал овие ѕверства како неисламски. Во исто време во земјата цвета едно погубно движење на радикалниот исламизам, поддржан долго време од владата и тајните служби како инструмент против соседен Авганистан. Во почетокот на 1980-те години ова движење беше поддржано и од САД, кога Авганистан беше комунистичка земја и секое средство против поранешниот Советски Сојуз беше оправдано. Сега, сепак, никој не може да се ослободи од духовите на минатото.
Во изминатите години беа спроведени многу воени операции, но бројот на нападите повеќе растеше. Може де се очекува дека се повеќе луѓе во Пакистан ќе ја побараат среќата во странство. Привилигираните елити и сега може да се потпрат на безбројните стипендии или на добро платена работа во ОАЕ. Помалку привилигираните ќе се замислат дали еден камп како овој во Идомени не е подобрата алтелнатива за земја каде дури семејниот излет во забавен парк е опасен за животот.
