Сури Круз јавно се откажа од својот татко?

од Vladimir Zorba
6,7K прегледи

Сури Круз е ќерка на актерот Том Круз и Кејти Холмс. Таа неодамна го означи крајот на средното образование, а сега и официјално е јасно она што се шпекулираше со месеци.

Како што ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на нејзиниот татко, се пишуваше дека нешто слично направила и Сури Круз. Сури не го видела својот татко повеќе од десет години, а на матурата се појавила под името Сури Ноел.

Под ова име се појави и порано во училишната претстава, а сега забележливо беше и отсуството на Том Круз од важен настан за неговата ќерка.

Сури била во друштво на мајка си, а инаку Ноел е средното име на Кејти Холмс, па се верува дека тинејџерката го избрала поради почит кон мајка си.

Слични содржини